Зеленски се сретна со претседателот на ЈАР

од Radmila Tasevska
173 прегледи

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска се сретна со претседателот на Јужноафриканската Република (ЈАР) Сирил Рамафоса на маргините на 78-та сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк, соопшти кабинетот на Зеленски.

Двајцата лидери разговараа за итните прашања за соработка меѓу Украина и ЈАР во продолжение на дијалогот што почна за време на посетата на Рамафоса на Киев.

Зеленски го истакна значењето на учеството на ЈАР во работните групи за украинската формула за мир, а се зборуваше и за подготовките за следниот состанок на ниво на советници за имплементација на Формулата за мир.

Слични содржини