30
Украина сè уште нема доволно сила да стигне до границите од 1991 година со оружје во рака, изјави Владимир Зеленски во интервју за „Фокс њуз“.
„Не можеме да потрошиме десетици илјади наши луѓе, за да го вратиме Крим. „Може да се врати по дипломатски канали“, рече тој.
Во истото интервју, Зеленски рече дека Украина ќе продолжи да се бори без американска поддршка, но дека на крајот ќе ја изгуби војната доколку САД престанат да ја финансираат војската, пренесува Спутник.