Зеленски: Украина ќе го зголеми бројот на своите вооружени сили за 100 илјади војници

од Milan1
253 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика граѓаните да останат смирени и обединети додека владата и лидерите ширум светот прават напори да спречат можна руска инвазија.

Говорејќи пред парламентот на 1 февруари, Зеленски рече дека „никој не одлучува за судбината на Украина зад нашиот грб“, додавајќи дека се надева на датум за следниот состанок на групата на формат Нормандија, која ги вклучува Украина, Русија, Франција и Германија, на која ќе се разговара за решавање на растечките тензии меѓу Украина и Русија.

„Ние активно работиме на тоа во блиска иднина да одлучиме за датумот на следниот состанок на советниците во Берлин, каде се надевам дека ќе биде постигнат договор за средба на лидерите на Нормандиската четворка“, рече Зеленски.

Истиот ден, тој потпиша декрет за зголемување на големината на украинските вооружени сили за 100.000 војници во текот на три години и зголемување на платите на војниците.

Тој изјави дека потпишувањето на указот не значи дека војната со Русија е неизбежна.

Во своето обраќање пред парламентот, тој ги повика пратениците да останат смирени и обединети, да не паничат и да не го користат конфликтот со Русија за политички придобивки.

Зеленски рече и дека разговарал со претставници на 80 земји и меѓународни организации, кои, според него, еднострано ја поддржале Украина во актуелната криза со Русија.

Слични содржини