Зеленски: Украина ќе ги почитува договорите, но ако Русија ги прекрши ќе бараме оружје

од Milan1
16 прегледи

Украина ќе ги исполни своите обврски од договорот за безбедност во Црното Море, но доколку Русија го прекрши договорот, ќе се бара дополнителни санкции за Москва и оружје, изјави украинскиот претседател Володомир Зеленски.

„Ако Русите го прекршат договорот, имам директно прашање за претседателот Доналд Трамп. Ако го прекршат, бараме санкции, бараме оружје“, наведе Зеленски.

Тој договорот го оцени како „чекор во вистинската насока“, но оти е „прерано е да се каже дека договорот ќе функционира“. Според него состаноците биле добри, биле донесени правилни одлуки и направени вистински чекори.

„По ова, никој не може да ја обвини Украина дека не се движи кон одржлив мир“, истакна Зеленски.

Слични содржини