Зеленски: Украина контролира 74 населени места во Русија

од Milan1
23 прегледи

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја контролира 74 населени места на руска територија, каде што украинските сили минатата недела започнаа изненадувачка офанзива која принуди десетици илјади цивили да побегнат.

„И покрај тешките и интензивни борби, напредокот на нашите сили во областа Курск продолжува. Има 74 населени места под контрола на Украина,“ информираше Зеленски преку апликацијата „Телеграм.“

Зеленски додаде дека украинските сили напреднале за 1-3 километри во последните 24 часа.

На видеоконференциска средба со Зеленски, главиот командант на украинските вооружени сили, генерал Олександр Сирски, изјавил дека украинските сили зазеле нови 40 квадратни километри територија во последните 24 часа.

Слични содржини