Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави нова видеопорака во која посочи дека Украина оди кон своја победа.
„Дојдовме до стратешка пресвртница. Веќе сме на пат кон победата. Ние се бориме за нашата слобода веќе 16 дена. Ова е четири пати подолго отколку што непријателот планираше за неговата инвазија. Четири пати подолго. Против армијата која важеше за една од најсилните во светот. Која се надеваше дека Украинците ќе се предадат“, истакна Зеленски.
Тој се осврна и на последната одлука на ЕУ: „Последните одлуки на ЕУ не се оние што се очекуваат во Киев“.