Зеленски во понеделник патува за Саудиска Арабија, договорена средба САД – Украина

од Milan1
10 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека в понеделник заминува во Саудиска Арабија на средба со престолонаследникот Мохамед бин Салман.

„Потоа, мојот тим ќе остане во Саудиска Арабија за да работи со нашите американски партнери“, додаде Зеленски во објавата на социјалните мрежи.

Следната недела во Ријад треба да се одржи американско-украинска средба.

Слични содржини