Зеленски воведе санкции против сирискиот претседател Асад

од Radmila Tasevska
154 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денес воведе лични санкции против сирискиот претседател Башар Ал Асад, пренесува РИА Новости.

Според текстот на указот објавен денес на веб-страницата на украинскиот претседател, санкциите се воведени за период од 10 години и предвидуваат блокирање на имотот, забрана за повлекување капитал од Украина, престанок на економските и финансиските обврски. Забраната за пренос на технологија и права на објекти на интелектуална сопственост.

Санкции се воведени и за сирискиот министер за надворешни работи Фајсал Микдад и премиерот Хусеин Арнус, се наведува во документот потпишан од Зеленски.

Слични содржини