Најмалку 48 украински деца под три години се киднапирани и однесени на Крим или Русија, соопшти денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој рече дека руските сили киднапирале украински деца пред две години за време на повлекувањето.
„Украинските деца не се играчки, иако се чини дека се за руските елити и функционери. Мора да направиме се што е во наша моќ за да ги вратиме украинските деца дома“, рече Зеленски во објавата на „Х“, пренесува Танјуг.
Тој додаде дека е благодарен на партнерите кои и помагаат на Украина во нејзините напори да ги врати децата во земјата.
Во март 2023 година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и руската комесарка за правата на децата Марија Лвива-Белова за наводното воено злосторство за депортирање на украински деца.
Љвова-Белова тогаш изјави дека нејзината комисија постапувала на овој начин од хуманитарни причини, со цел да ги заштити децата во областа каде што се воделе воени операции.
Киев проценува дека околу 19.500 деца биле однесени во Русија или Крим, додека Лвива-Белова ги оспори тие бројки и рече дека 380 сирачиња и деца без родители биле дадени на руски згрижувачки семејства во периодот од април до октомври 2022 година.