Зеленски: Загубите на Русија во Украина се поголеми отколку во Сирија, Чеченија и Авганистан

од Milan1
271 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во најновото ноќно обраќање, рече дека загубите на Русија во Украина се поголеми отколку во Сирија, Чеченија и Авганистан, пренесува Би-Би-Си.

Обраќајќи им се на Русите во Русија, Зеленски рече,„Руските сили трпат такви загуби во Украина какви што немаше ниту во Сирија ниту во Чеченија. Ниту советските сили претрпеа такви загуби во Авганистан”.
Неговата порака веројатно нема да ја слушнат многумина во Русија.
Не е познато како Зеленски дошол до тие податоци.

Додека Москва зборува за околу 500 убиени војници, американската разузнавачка служба проценува дека повеќе од 7.000 Руси загинале за време на инвазијата на Украина.

Според различни проценки, околу 15.000 советски војници биле убиени во авганистанската војна (1979-89), најмалку 13.000 руски војници во чеченската војна и неколку стотици во Сирија.

Слични содржини