Земјотрес со јачина од 4,3 степени во Бугарија

од Milan1
281 прегледи

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала ги погоди Пловдив и Асеновград. Земјотресот е регистриран во 20 часот и 24 минути, со епицентар на околу 6 километри северно од Асеновград и на околу 16 километри југоисточно од Пловдив, на длабочина од 12,5 километри според последните податоци.

Засега нема информации за материјална штета или повредени лица.

Земјотресот се почувствувал на високите катови во станбените згради во Пловдив и луѓето излегле на улиците, јавува БНР.бг.

Слични содржини