Жена ги испрскала со вода за да ја намалат вревата, а тие со лименки фрлале кон неа и ја повредиле

од Milan1

Вчера во 23.20 часот во СВР Скопје, И.С.(44) од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот на подрачјето на Гази Баба, прскајќи со вода, предупредила лица кои славеле пред нејзината зграда да ја намалат вревата, по што повеќе лица фрлиле со лименки кон неа и ја повредиле.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини