Жена го обвини Мекгрегор за силување, тој вели дека само се забавувале

од Milan1
115 прегледи

Контроверзниот УФЦ-борач, Конор Мекгрегор, се појави пред судот во Даблин, под обвинение за силување на 35-годишната Никита Ни Лајмхин.

Ирецот се појави пред судот во Даблин, обвинет од 35-годишната Никита Ни Лајмхин дека ја силувал пред шест години, во хотел.

Никита истакна пред судот дека контактирала со Конор, кој потоа ги поканил неа и нејзината пријателка на забава во хотел. По пат, тие зеле уште едно лице, Џејмс Лоренс, кој, исто така, е обвинет во случајот.

Никита рекла пред судот дека на забавата се консумирало алкохол и кокаин. Конор потоа побарал да го задоволи, а таа го одбила. Ирецот не застанал тука, па се решил за нов напад.

Ме притисна, ме држеше за зглобовите и имав крвави гребаници на градите. Вратот ми беше со модринки. Се обидов да се одбранам, но набрзо се откажав – открива Никита.

Потоа зборувал адвокатот на силуваната жена.

Таа се обидела да го оттурне, но не можела. Ќе видите фотографии од нејзините раце и зглобови, кои беа црни и сини. Ќе видите крвави лузни на нејзините гради. Тоа беше од часовникот што го носела кога се обидела да се одбрани. Мекгрегор потоа ја превртел, ја презел контролата над рацете и вратот. Таа не можела да дише. Кога го направил тоа по трет пат, таа се откажала. Немала сила да се одбрани. Тој ѝ рекол: „Сега, кога ќе те фрлам три пати, ти види како е да се биде во октагонот. Таа била преплашена. Знаела што ќе се случи. Станува збор за насилен напад, открива адвокатот.

Мекгрегор со само неколку збора се обидел да се одбрани пред судијата.

Само се забавувавме и имавме малку жежок секс. Таа се согласи на тоа, изјави Мекгрегор.

Џејмс Лоренс кој, исто така, е на обвинителната клупа, тврди дека врската била со заемна согласност. Тоа беше врска со заемна согласност. Го направивме тоа двапати – истакна Лоренс.

Девојката бара од Мекгрегор милионска отштета

Слични содржини