80
Вчера вечер во ОВР Гостивар, 38 годишна жена, пријавила дека нејзиниот вонбрачен сопруг С.А., полово ја вознемирувал и допирал нејзината малолетна ќерка којашто не наполнила 15 години. Жената пријавила и дека додека вербално се расправала со С.А., тој физички ја нападнал, информираат од МВР.
С.A. бил лишен од слобода и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.