Женско куче скитник го донело своето речиси замрзнато кученце во забите пред вратата на ветеринарната клиника во Истанбул, а снимката која ја снимила безбедносна камера ја пренесоа турските медиуми.
Ветеринарен техничар го забележал инцидентот и го презел кученцето кое било во критична состојба.
Кученцето, чие отчукување на срцето се намалувало, било префрлено на интензивна нега, а мајката не го оставила младенчето во текот на целиот третман, објави „ТГРТ Хабер“.
Ветеринари ја прегледале и мајката, чие друго кученце претходно во истата клиника го донеле љубителите на животни, пренесува Танјуг.
Таа беше ставена до нејзините младенчиња кои се опоравуваат.
Ветеринарот Батуралп Оган, сопственик на клиниката, рече дека таа неодамна забременила, но нејзините кученца умреле, а последното кученце им го донеле љубителите на животни за да спречат да умре.
Тој изјавил дека ветеринарите го чувале кученцето неколку дена.
„Мислевме дека другите кученца се мртви. Се испостави дека кученцето има брат или сестра. Неговата мајка ни го донесе последното кученце и го стави пред врата. Го префрливме на интензивна нега. Фала му на Бога, тој е во во добра состојба рече ветеринарот.
Моментот кога кучето повикало помош, носејќи го своето кученце во забите, бил снимен на безбедносната камера, а снимката брзо станала вирална.