ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека денес (29.03.2026) жичницата на Водно нема да работи поради силен ветер.
Оттамму наведуваат дека брзината на ветерот ги надминува дозволените граници за безбедно и непречено функционирање на објектот, дека ја следат состојбата на терен и дека веднаш штом ќе се создадат соодветни временски услови, жичницата повторно ќе биде пуштена во употреба за превоз на патници.