Жител на село во Општина Чашка заработи кривична пријава од СВР Велес до Основно јавно обвинителство Велес поради малтретирање на својата малолетна ќека.
Според Билјана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес, 41 годишниот А.С. доби кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда при семејно насилство“, казниво по Член 130 и „запуштање и малтретирање на дете“, казниво по Член 201 од Кривичниот законик.
Ѓаковска појасни дека пријавениот физички ја нападнал својата малолетна ќерка во семејниот дом. Според пријавеното, А.С. подолг временски период физички и психички го малтретирал семејството,а воедно ги принудувал своите малолетни ќерка и син да питачат.
Тој бил лишен од слобода на 3-ти април, а по документирање на случајот поднесена му е пријава.