Жител на струшко нелегално приклучил струја во дел од станбен комплекс во Струга

од Radmila Tasevska
320 прегледи

Педесет и две годишен жител на струшкото село Калишта доби кривична пријава поради кражба на електрична енергија во станбена зграда.

СВР Охрид денеска соопшти дека ОВР Струга  поднело кривична пријава против Е.Е.(52) од струшкото село Калишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

Тој, како работник задолжен за одржување на колективна стамбена зграда во Струга, извршил бесправно приклучување на дел од електричната инсталација во станбениот комплекс, на електрично броило сопственост на деловен објект лоциран во зградата, појасни портпаролот Стефан Димоски.

Изминатиот период во струшко, полицијата санкционирала неколку случаи на нелегално  бесправна кражба на електрична енергија.

Слични содржини