Животна драма на мајката на Џастин Бибер: Ја силувале на 17 години и не сакала да абортира

од Radmila Tasevska
266 прегледи

Музичарот Џастин Бибер пред полнолетството стана светска ѕвезда, а денес има милиони обожаватели ширум светот.

Меѓутоа, само најжестоките биле запознаени со животот на неговата мајка, кои ги обележала со голема траума. Имено, Пети Мелет била силувана на 17 години, но не сакала да абортира, а девет месеци подоцна се роди Џастин.

Години подоцна решила да проговори на оваа тема, па во својата книга објаснила какви последици имал овој чин врз неа. Според нејзините зборови, се обидела да се самоубие, а имала и проблеми со алкохолот и дрогата.

„Едноставно, знаев дека не можам. Само знаев дека морам да го задржам. И да дадам се од себе. Знаете, не знаев како ќе го направам сето тоа, но едноставно не можев да се откажам“, изјави Мелет.

Џастин во неколку наврати истакнал дека неговата мајка е неговата најголема поддршка, како и дека милионите кои ги заработил се награда за се што преживеале.

Слични содржини