Холивудската ѕвезда Сандра Булок е родена во Арлингтон, Вирџинија, а поголемиот дел од детството го помина во Нирнберг, Германија, поради што течно зборува германски. Актерката честопати била злоупотребена таму на училиште затоа што носела „старомодна облека“. Кога била тинејџерка, таа се преселила во Вашингтон со нејзината мајка Хелга, оперска пејачка која починува на 58-годишна возраст, нејзиниот татко Џон, кој беше професор по музика и нејзината помлада сестра, Жесина.
Во тоа време, не можела ни да замисли дека ќе успее во намерата да стане почитувана актерка. Таа вчера го прослави својот 56-ти роденден, и остана „приземјена“ како малброј актери. Се запишала на глума на универзитетот Источна Каролина, била прогласена за кралица на матурата, а откако завршила колеџ, се преселила во Њујорк и ја започнала својата кариера.
Многумина убаво се сеќаваат на нејзината улога во романтичната комедија во 1995 година „While You Were Sleeping“, но малкумина знаат дека улогата всушност била наменета за Деми Мур.
Таа освои Оскар за главната улога во филмот „The Blind Side“ во 2009 година, а филмовите „The Proposal“, „The Heat“ и „Gravity“ и донесоа многу пари. Покрај тоа, во 2012 година, таа влезе во Гинисовата книга на рекорди како најплатена актерка во светот со плата од околу 55 милиони долари.
Откако во младоста имала романси и страствени врски, Сандра се омажи со Џеси Џејмс. Таа очигледно не знаела дека тој е голем холивудски прељубник, кој истовремено ги изневерува своите партнерки со неколку жени. Нејзините обожаватели честопати се прашуваа зошто нејзините пријатели кои биле во тие кругови не и кажале за неговата склоност да лаже.
И, ако тие и рекоа, Сандра веројатно немаше да се грижи. Ниту пак, кога по четири години брак со Џеси, таа се бореше за старателство над неговото дете од претходниот брак со порно sвездата Џенин Линдемалдер. Таа не се грижеше за мислењата на другите луѓе, и кога детето им припадна на нив, знаеше дека ја направи вистинската работа.
Во 2010 година, неколку жени изјавија дека спиеле со Џејмс, додека тој бил во брак со Сандра. Тоа беше капка што ја прелеа чашата, па актерката поднесе барање за развод и покрај тоа што Џејмс рече дека е болен, па дури и се пријави во клиника за рехабилитација да престане да биде зависник.
Во меѓувреме, актерката посвои син, Луис, и ќерка, Лила, а од 2015 година е во врска со фотографот Брајан Рандал, кого го крие од очите на јавноста.
Патем, светските медиуми неодамна пишуваа дека Сандра Булок го очекува своето прво биолошко дете. Според извори блиски до актерката, актерката вешто го крие стомакот, а единствената работа што ја издава е тоа што целосно се повлече од јавноста, таа повеќе не оди на тренинзи, и одбивала да пие алкохол на забави.
Патем, во последните две години, според изворот, Сандра се обидува да забремени со ин витро оплодување.