Жозеф Борел: Состојбата на Западен Балкан не е добра

од Milan1
481 прегледи

Во работниот документ на Европската  слжба за надворешна политика се наведува дека „атмосферата околу дијалогот меѓу Белград и Приштина е сè уште комплицирана“, дека „нема напредок во последните месеци“ и се повикува „да се врати фокусот на спроведувањето на неисполнетите обврски“.

Шефот на ЕУ, Жозеф Борел, вели дека на денешната средба на министрите за надворешни работи ќе разговараат за Западен Балкан, поточно за БиХ и за дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Пристигнувајќи на состанокот на Советот на ЕУ, Борел оцени дека во БиХ има „тенденции кои го поткопуваат единството на земјата и нанесуваат штета на нејзиниот „европски пат“.

– Генерално, ситуацијата на Западен Балкан не е добра, оцени Борел.

 

Слични содржини