Ние од Движењето ЗНАМ За Наша Македонија нема да ги заборавиме бранителите и припадниците на безбедносните сили кои ги дадоа своите животи за Македонија.
Семејствата на бранителите заслужуваат институционална помош и поддршка за достоинствен живот и не треба да се чувствуваат како граѓани од втор ред.
Патриотизмот не се брани со зборови, туку со дела.
Ние од Движењето ЗНАМ потпишавме декларација за поддршка и остварување на правата на бранителите и ќе се бориме за донесување нови и праведни закони.
Наша обврска е да ја направиме Македонија држава во која владее правото, се почитуваат законите и е просперитетно место за живот за сите кои живеат тука.
Доста беа поделбите меѓу граѓаните на политички, институционален, етнички, верски, економски и социјален план. Сите се еднакви и сите имаат еднакви обврски, да се обединиме и да го дадеме максимумот за Наша Македонија.