Зошто електричните автомобили во Германија „загадуваат“ пет пати повеќе отколку во Шпанија

од Radmila Tasevska
369 прегледи

Германија повторно се сврте кон јаглен, а со тоа се зголеми и загадувањето на воздухот, особено во однос на емисијата на CO2.

Како што е познато, електричните автомобили не испуштаат штетни гасови, но во целиот животен циклус на овие возила работите се сосема поинакви. Ова е особено забележливо доколку електричната енергија за нивната работа не се добива од алтернативни извори.

Токму тоа се случува во Германија, која во голема мера се префрли на јаглен поради недостиг на гас. Старите термоелектрани повторно се во функција, а во последниот месец дури 34,9 отсто од електричната енергија во Германија се произведувала од јаглен, пишува hibridoselectricos.com, а пренесува Revijahak.

Споредено со минатата година, производството на електрична енергија со употреба на јаглен е зголемено за 13,3 отсто, а потрошувачката на јаглен за 19 отсто, пишува Економски тајмс. Со тоа Германија го достигна самиот врв по загадување во производството на електрична енергија.

Емисиите се 535 g CO2/kWh, што е пет пати повеќе отколку во Шпанија.

На самиот врв по користење на јаглен и загадување (меѓу земјите на ЕУ) се Бугарија, Чешка и Полска.

Сепак, добрата вест е дека и во такви услови електричниот автомобил загадува помалку од автомобилот со фосилни горива. Разликата не е голема, но е забележлива и изнесува 27 проценти.

Додека автомобил на бензин кој троши 6,5 l/100 km испушта приближно 17,6 kg CO2 на 100 km, електричниот автомобил во Германија е одговорен за приближно 12,8 kg CO2 на 100 km.

Во Шпанија, пак, електричниот автомобил е одговорен само за една седмина од загадувањето на автомобилите со бензин.

Слични содржини