Јужноафриканскиот министер за здравство денес изјави дека неговата влада размислува да ја продаде или замени АстраЗенека, но ќе чека совет од научници кои работат на вакцинирање со алтернативна, американска вакцина.
Јужна Африка (ЈАР) престана да ја дава вакцината на АстраЗенека и Универзитетот во Оксфорд откако мало клиничко истражување покажа дека не заштитува доволно од таканаречениот јужноафрикански вид коронавирус, познат меѓу научниците како 501Y.V2, кој е доминантен во државата .
Вакцината е тестирана главно на помладата популација во таа земја и се покажа дека не е ефикасна во запирање на поблаги форми на болеста, кои исто така се најчести кај младата и здравата популација.
Милион дози од вакцината АстраЗенека произведена од Индискиот серумски институт пристигнаа во Јужна Африка минатата недела, а во наредните недели се очекува да пристигнат уште 500.000 дози.
Министерот за здравство Звели Мкизе на прес-конференција објави дека властите ќе започнат со пробна вакцинацијата на здравствените работници со вакцината Џонсон и Џонсон. Докажано е дека вакцината е 57 проценти ефективна против умерени до тешки видови на јужноафриканскиот сој, наведува Ројтерс.
„Зошто да не ја продадеме вакцината на AстраЗенека на други земји. Тоа е опција и ќе ја разгледаме. Прво, нашите научници ќе ни кажат што да правиме со тоа, дали можеме да ја користиме во рокот на траење“, рече министерот.
„Ако не, можеме да ја замениме со некоја друг и веќе разговаравме за тоа со Ковакс и Ават“, додаде Мхизе, повикувајќи се на работната група за вакцини во Африканската унија.
Африканската држава преговара и со Модерна, кинески Синофарм и со Русија за вакцината Спутник V.