Зошто на Русите им беше толку битно да го освојат Чернобил

од Milan1
284 прегледи

Руските и украинските сили се бореа за контрола на Чернобил, сè уште радиоактивно место поради најголемата нуклеарна катастрофа во историјата.

– Нашите бранители ги даваат своите животи за да не се повтори трагедијата од 1986 година, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Но, зошто некој би сакал нефункционална нуклеарна централа опкружена со километри радиоактивна земја?

Одговорот е географски: Чернобил е на најкратката рута од Белорусија до Киев и затоа е по логичната линија на напад на руските сили.

Со заземањето на Чернобил, велат западните аналитичари, Русија го користи најкраткиот пат за да стигне до главниот град на Украина, пишува Хина.

„Тоа е најкраткиот пат од точката А до точката Б“, вели аналитичарот Џејмс Актон.

– Чернобил нема воено значење, но е на најкратката рута од Белорусија до Киев, потврди поранешниот началник на американскиот Генералштаб Џек Кин.

Ако сакаат да го земат Киев, Чернобил е дел од планот, додаде тој.