Дизајнерите на медалите за Олимпијадата во Париз 2024 година се огласија откако голем број спортисти се пожалија дека нивните медали брзо престанале да изгледаат како што треба. Некои од нив ги вратија на замена поради лоша состојба.
Кон крајот на Олимписките игри, неколку спортисти изразија загриженост за состојбата на нивните медали, само неколку дена по нивното освојување, а неколку ги покажаа своите трофеи кои се чинеше дека се значително оштетени за краток временски период.
„Вака изгледа мојот бронзен медал откако го оставив малку да се поти на мојата кожа и им го дадов на моите пријатели да го носат за време на викендот. „Очигледно не се толку квалитетни како што мислите, дури и предниот дел почнува малку да се лупи“, објави скејтбордерот од тимот на САД, Наја Хјустон на својата приказна на Инстаграм минатата година.
Медалите на Париз 2024 не поминаа најдобро во споредба со оние на Олимписките игри во Токио, кои се одржаа три години порано. Сега, француското издание „La Lettre“ тврди дека повеќе од 100 спортисти ги вратиле своите медали, за да бидат заменети со оние во подобра состојба.
Железо од Ајфеловата кула
Дизајнирани од „LVMH“, медалите за Олимпијадата во Париз 2024 имаат парче железо земено од Ајфеловата кула и поставено на задната страна, додека предниот дел од медалот ја прикажува Ника, грчката божица на победата, како стои на стадионот Панатенаикпс, каде што Олимписките игри беа обновени уште во 1896 година.
„LVMH“ изјави за Дејли Меил дека тие не се одговорни производството на медалите. Компанијата рече дека иако можеби ги дизајнирале медалите, тие не ги направиле.
Производството на вкупно 5.084 медали за Париз 2024 година беше одговорност на „Ковачница Парис“, (Monnaie de Paris) кој одби да коментира за бројот на вратени медали и ги негираше тврдењата на „La Lettre“ дека три лица останале без работа како резултат на тоа.
Тие додадоа дека секој спортист кој го вратил својот медал за замена наскоро ќе добие нов.
Се чини дека виновникот за деградираниот изглед на медалот е префрлањето на нов лак, откако беше откриено дека стариот содржи канцероген хром триоксид, пишува францускиот весник.
„Организацискиот комитет на Олимписките игри во Париз 2024 тесно соработува со „Monnaie de Paris“, институцијата одговорна за производство и контрола на квалитетот на медалите, за да ги процени барањата за медалите и да ги разбере околностите и причината за штетата“, изјави портпаролот на париската ковачница за „Ледбибл“
„Сите оштетени медали ќе бидат заменети и идентично врежани на барање на спортистите во текот на првиот квартал од 2025 година“, соопштија од Ковачницата.