Зошто се празни полиците со масло во супермаркетите?

од Маја Анчевска
449 прегледи

На социјалните мрежи се распространуваат секојдневно фотографии од празни полици на кои треба да стои сончогледово масло.  Но, воедно може и да се воочи дека додека само еден човек ја полни својата кошничка со масло за јадење, другите си одат со празни раце.  Она што создава дилема  е дали треба во период кога има недостаток на масло,да се стави забрана за ваков тип на “чистење” на маслото за јадење само од едно лице?

Министерот за економија Крешник Бектеши пред неколку дена напомена дека ДПИ редовно врши контрола и превзема мерки кон трговците.

-Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) редовно врши контрола и согласно законските прописи и врз основа на одлуките донесени од Владата веднаш ќе постапат и ќе се преземат соодветни мерки во случај трговците на мало да биле снабдени, а на нивните полици нема масло за јадење. Доколку тие чуваат резерви тоа е спротивно на одлуката на Владата и спротивно на Законот за заштита на потрошувачите и секако дека ДПИ има законско право да направи проверка и да донесе соодветни мерки, прецизира Бектеши.

Бектеши нагласи дека има одредени покачувања на малопродажните цени на маслото за јадење заради зголемувањето на цените на суровото масло на берзите.

-За основните прехранбени производи како Влада веќе донесовме одлука во делот на намалување на ДДВ-то од 5 на 0 отсто, а правиме и други мерки за утврдување на одредени количини кои преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство би можело да бидат субвенционирани за нашите производители, рече Бектеши.

Министерот за змјоделство, Љупчо Николовски вчера посочи дек  особен фокус ставаат на производството на сончеглед и на мотивирање на граѓаните со доплнителни мерки да ја произведуваат оваа култура.

– Покрај леб и брашно да имаме и масло постојано, изјави  во соето гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија министерот за змјоделство, Љупчо Николовски, додаваајќи дека следната седница на владата во Србија ќе поминат некои одлуки и ќе се обезбедат рафинирано и нерафинирано масло за јадење.

Слични содржини