Зверев изнесен во инвалидска количка, Надал во финалето на Ролан Гарос (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Александар Зверев се повреди откако се лизна при еден удар од основната линија и го предаде мечот, по што Рафаел Надал се пласираше во 14-то финале на Ролан Гарос.

Надал веднаш сфати дека се работи за тешка повреда, па ја прескокна мрежата и стигна до Германецот кој се уште лежеше со видливи болки. Набрзо на теренот беше донесена инвалидска количка на која го изнесоа Германецот од теренот.

На конференцијата по натпреварот Надал беше видно депримиран и погоден од се што се случуваше на теренот на „Филип Шатрије“.

Тешката повреда се случи откако првиот сет (7:6) го доби Рафаел Надал во тај-брејк (10:8), и (6:6) во вториот сет.

Слични содржини