Јапонија и Индија ја започнаа првата заедничка воздухопловна вежба

од Radmila Tasevska
176 прегледи

Јапонија и Индија денес ги започнаа првите заеднички воздушни вежби во близина на Токио, соопшти јапонското Министерство за одбрана.

Четири авиони Ф2 и исто толку авиони Ф15 на јапонската воздушна флота ќе учествуваат во 11-дневна воздушна вежба за обука околу воздухопловната база Хјакури во префектурата Ибараки, североисточно од Токио, соопшти Министерството.

Индија испрати четири авиони Су-30МКИ, два транспортери Ц-17 и еден авион ИЛ-78 за воздушно полнење гориво, објави Кјодо.

Слични содржини