133
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денес изјави дека сè уште не се донесени заклучоци за новиот договор за трошоците за одбрана, но додаде дека земјите-членки на Алијансата мора повеќе да инвестираат во таа област.
„Очигледно е дека треба да трошиме повеќе“, рече тој по состанокот со министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека земјите-членки треба да се обврзат дека ќе потрошат најмалку два отсто од бруто домашниот производ (БДП) за одбраната и дека новите обврски на Алијансата кон Украина вклучуваат тешко оружје и воена обука.