Ќерката на еден од најбогатите луѓе на светот се омажи за роднина, а на се и претходела голема трагедија

од Radmila Tasevska
188 прегледи

Принцезата Азема, ќерка на султанот од Брунеи, кој е еден од најбогатите луѓе во светот, се омажи за својот прв братучед принцот Бахар ибни Џефери Болкија на раскошна церемонија која траеше седум дена.

Венчавката била одржана во луксузната кралска палата на нејзиниот татко, а избраникот е син на братот на султанот, принцот Џефери Болкиах, пренесува People. Свадбата на принцезата Азема траеше седум дена, беа одржани неколку церемонии, а се проценува дека нејзиното семејство издвоило милиони за саканата.

Принцезата Азема има 38 години и е осмо дете на моќниот султан. Хасанал Болкија е и „главен водач на исламската вера“, како и премиер, министер за финансии, надворешни работи и трговија, надзорник на полицијата, министер за одбрана и командант на вооружените сили во неговата земја.

Неговото богатство се проценува на 27,7 милијарди долари, што го прави еден од најбогатите владетели во светот.

За семејството на султанот од Брунеи се пишуваше и во октомври 2020 година, кога почина неговиот син – холивудскиот продуцент принцот Азим од Брунеи, кој имаше 38 години и четврти во редот на наследството.

Иако семејството официјално не ја соопшти причината за неговата смрт, познато е дека тој долги години се борел со рак на црниот дроб.

Слични содржини