Американскиот претседател Џо Бајден со своето однесување веќе подолго време предизвикува загриженост и сомнеж за неговото ментално здравје. Списокот на такви моменти е предолг, од мешање имиња на луѓе и држави, заборавеност, поздравување на мртвите и многубројни други непријатни моменти.
Светските лидери во моментот се во Италија на состанокот на Г7, чиј домаќин е италијанската премиерка Џорџа Мелони. Снимките што кружат на социјалните мрежи покажуваат дека Бајден навидум се изгубил и се оддалечува од своите колеги за време на демонстрациите на скок со падобран. Мелони потоа го повлече за ракав и го врати кај другите светски лидери по што Бајден видно збунет ги стави очилата за сонце. Белата куќа се обиде да го оправда последниот „гаф“ на Бајден, наведувајќи дека Бајден му честитал на еден од падобранците, што може да се види и на видеото каде тој стиска палец.
Everyone freaking out about that Biden clip at G7.
I found the full video. The longer clip, in context, is even more horrifying. pic.twitter.com/obFINP7RNE
— Viva Frei (@thevivafrei) June 13, 2024
Ова не беше единствениот бизарен инцидент на Бајден на самитот на Г7. Пред тоа на едно видео беше прикажано како американскиот претседател ѝ салутира на Мелони, а тоа го направи и со украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Everyone freaking out about that Biden clip at G7.
I found the full video. The longer clip, in context, is even more horrifying. pic.twitter.com/obFINP7RNE
— Viva Frei (@thevivafrei) June 13, 2024