🎥 Дали Путин испрати ковчези пред Ајфеловата кула?

од Milan1
1,8K прегледи

Француските разузнавачки служби се сомневаат дека Русија стои зад поставувањето на пет ковчези во близина на Ајфеловата кула во Париз. Во кофчезите покриени со француско знаме со натпис „француски војници на Украина“ подоцна беа пронајдени вреќи со гипс.

Според Би-Би-Си, тројцата мажи биле видени како пристигнуваат со комбе околу девет часот во саботата и ги напуштаат ковчезите. Полицијата набрзо го уапсила возачот кој тврдел дека другите двајца му платиле 40 евра за транспорт на ковчезите. Возачот изјавил и дека во Париз пристигнал ден претходно од Бугарија. Малку подоцна, полицијата ги фатила другите двајца на автобуската станица Берси во центарот на Париз, каде наводно планирале да се качат во автобус за Берлинт

Осомничените ѝ кажале на полицијата дека за транспорт на ковчезите им биле исплатени 400 евра, пренесоа француските медиуми.

Полицијата набрзо соопшти дека возачот е Бугарин, додека другите двајца се Украинец и Германец. Тие во недела беа изведени пред судот, во пресрет на очекуваното отворање на истрагата за „насилство со умисла“, соопшти обвинителството.

Официјални лица рекоа дека е во тек истрага за да се утврди дали операцијата била организирана од странство.

Слични содржини