🎥 Дупка проголта дел од стадион

од Milan1
57 прегледи

Откако се урна подземен рудник, вчера на фудбалското игралиште во Алтон, Илиноис, се создаде огромна дупка во земјата,  која „проголта“ дел од стадион. Целиот настан е снимен од надзорна камера.

„Дупката се појави во 9:18 часот, и таа е 30 метри широка и 9 метри длабока. Беше предизвикана од уривање на подземен рудник, компанијата „New Frontier Materials“ е одговорна“, рече Мајкл Хиенс, шеф на градското одделение за паркови и рекреација.

„Изгледа како нешто од филм, нели?

„За среќа, во тој момент немаше никој на теренот и никој не беше повреден. Изгледа како нешто од филм, нели? Тоа е како бомба да експлодира”, додаде тој.

Портпаролот на „New Frontier Materials“, кој е сопственик на рудникот, рече дека погодената област е обезбедена.

„Никој не е повреден во инцидентот, а известени се и службеници од Управата за безбедност во рудниците. Безбедноста е наш приоритет. Ќе работиме со градските власти за да се реши овој проблем што е можно побрзо“, додаде тој.

Слични содржини