Популарниот Јутјубер Маркес Браунли неодамна ја посети лабораторијата на „Ејпл“ (Apple) за да види од прва рака како компанијата ја тестира издржливоста на новите „Ајфон“ (iPhonе). Тој сними седум видео клипови кои ги сподели на неговиот X (Twitter) профил за сегашните и идните корисници да можат да видат како „Apple“ одредува дали нивните мобилни телефони исполнуваат одредени стандарди пред да излезат во продажба.
Тој покажа како изгледаат тестовите за отпорност на вода, удари и вибрации
Уредите прво се тестираат за „ИП рејтинг“, односно оценка за отпорност на вода и прашина. Тоа се прави преку симулација на туш, а потоа со помош на воден млаз со низок притисок. Третиот тест за отпор едноставно „пука“ со моќен млаз на вода во уредот преку противпожарно црево. Конечно, „Ајфонот“ се става во резервоар полн со вода.
За тестирање на капка, Ејпл (Apple) користи робот кој постојано го крева и спушта Ајфонот од различни висини и агли со цел јасно да се види издржливоста на куќиштето. Камерите вперени кон телефонот, исто така, им овозможуваат на инженерите да го набљудуваат моментот на удар во бавно движење, што може да открие структурни проблеми со дизајнот.
Мобилните телефони исто така се тестираат за услови на тресење. Ова се случува не само за време на земјотрес, туку и додека возите во автомобил, мотоцикл или воз. Овој тест е многу едноставен. Уредите се ставаат на послужавник за тресење, а се забележува нивната отпорност на вибрации со различен интензитет.
#2: There's an entire room of machines for water and ingress testing
Level 1: A drip tray simulating rain, no real pressure. IPX4
Level 2: A sustained, low-pressure jet spray from any angle. IPX5
Level 3: High pressure spray from a literal firehose. IPX6
Level 4: Locking the… pic.twitter.com/5R38I6QVmW
— Marques Brownlee (@MKBHD) May 29, 2024