48
Низ Турција, пожарникарите се борат со шумските пожари предизвикани од суво, топло и ветровито време. Еден од пожарите се шири и во близина на спомениците и гробовите од Првата светска војна на местото на битката во Галипол.
На западниот брег пожарот се приближил до куќите на периферијата на Измир, третиот по големина град во Турција, а жителите се евакуирани.
Во провинцијата Маниса трет ден гори пожар во Гордес, шумска рурална област во северозападна Турција. Евакуирани се скоро 80 домови, а голем дел од зградите во селото Карајакуп се тешко оштетени, јави агенцијата Демирорен.
Турција мобилизираше десетици авиони, стотици возила и илјадници пожарникари за гаснење на пожарот.