529
Посетителите на корида во Радошиќ кај Сплит викендов беа сведоци на најмалку два инциденти. Во едниот, разјарен бик ја пробил оградата и влетал во публиката, а во друг инцидент бик повредил посетител и со рогот му го распорил стомакот.
Мажот (68) веднаш по приемот во болница итно бил опериран и е задржан на понатамошно лекување во Клиничката болница во Сплит .
Полицијата извршила увид на местото на настанот, но се уште не соопштува детали за тоа што го предизвикало инцидентот.
-Несреќата се случила нешто по 13 часот кога во Радошиќ, каде се одвивала борбата со бикови, во еден момент бикот се ослободил од надзор и повредил 68-годишен маж – соопшти портпаролот на Сплитско-далматинската полиција, Сања Назлиќ.