🎥 Индија прогласи висока готовност на своите сили на границата со Бангладеш

од Илинка Илиоска
31 прегледи

Индиските погранични безбедносни сили (БФС) прогласија „висока готовност“ меѓу сите свои формации долж границата меѓу Индија и Бангладеш долга 4.096 километри, јави националната агенција.

Претходно денеска, премиерката на Бангладеш, Шеик Хасина, поднесе оставка и ја напушти земјата, наведе Си-Ен-Ен Њуз 18, и додаде дека таа веќе пристигнала во индискиот град Агартала.

Првиот човек на индиските погранични безбедносни сили, Даљит Синг Чаудари, и други високи функционери во Калкута (главниот град на државата Западен Бенгал) ја разгледаа ситуацијата долж границата. На сите теренски команданти на БФС им е наредено „веднаш да го распоредат целиот свој персонал долж границата“.

Границата меѓу Индија и Бангладеш минува низ пет индиски држави, а најголемиот дел од 2.217 километри паѓа во Западен Бенгал.

Портпаролот на Индиските железници изјави дека сите возови што сообраќаат кон Бангладеш се суспендирани, јави британските медиуми.

Слични содржини