🎥 Камала Харис: Американците треба да се фокусираат на достигнувањата на Бајден, а не на дебатата

од Milan1
45 прегледи

Камала Харис, првата жена што стана потпретседател на Соединетите Американски Држави, изјави за Си-Ен-Ен по дебатата дека Американците треба да се фокусираат на она што претседателот Џо Бајден го постигна за земјата за време на неговиот мандат, а не на неговиот настап.

„Зборувам за три и пол години работа кои беа исклучително важни, историски“, изјави Харис за Си-Ен-Ен.

„Дали претседателот е таков како  што го видовме вечерва, таков ли е секој ден?“, ја праша водителот.

Харис рече дека Бајден е личност со која соработува секој ден, дека тој е некој кој успева во Овалната соба, да ги донесе и  републиканците и демократите , без разлика на нивата полтичка припадност, при што успева да ги доведе до компромис .

„Тоа е извонредно. Тоа едноставно во денешено време не се случува, но Џо Бајден може да го направи тоа“, рече таа.

Таа спомена и некои други достигнувања на Бајден, како што се зајакнувањето на НАТО алијансата и отворањето работни места.

Слични содржини