113
Моделите направени со вештачка интелигеција се присутни на интернет просторот веќе некое време, а доказ за напредокот на технологијата е едно видео кое стана вирално на социјалните мрежи.
Николас Нојберт, корисник на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер) сподели видео од жена која држи говор и – луѓето не можат да препознаат дали се работи за вистинска личност или не. Имено, овој модел направен со вештачка интелигенција изгледа толку реално што многумина велат дека границата помеѓу вештачката интелигенција и реалноста е речиси непостоечка.