🎥 Парис Хилтон со шокантно сведоштво пред Конгресот: Насилно ми даваа лекови, а персоналот сексуално ме злоставуваше

од Milan1
214 прегледи

Парис Хилтон зборуваше за злоставувањето што го доживеала во установа за лекување млади кога имала само 16 години. Таа даде шокантно сведоштво пред Конгресот на САД во Вашингтон и повика на промена на програмата за грижа за децата, пишува Си-Eн-Eн.

„Кога имав 16 години, среде ноќ ме извлекоа од кревет и ме пренесоа преку државната граница до првата од четирите установи за лекување млади. Овие програми ветуваа исцелување, раст и поддршка, но наместо тоа ми забранија да се движам слободно или дури и да гледам низ прозорецот две години. Насилно ми даваа лекови, а персоналот сексуално ме злоставуваше. Насилно ме држеа и ме влечеа по ходниците, ме соблекоа гола и ме фрлаа во самица. Моите родители беа целосно измамени, ги излажаа и манипулираа со нив за нехуманиот третман што го доживував, а тоа беше заради профит“, додала таа.

Парис рекла и дека смета дека младинските институции треба да бидат под поголем надзор.

„Тоа што го доживеав беше нехумано, и поради тоа имам трауми кои ќе ги имам цел живот. Разговарав со илјадници кои имале слични искуства и мислам дека е важно да се слушаат оние кои имале слични искуства. Сакам да ви се заблагодарам што седам пред сите вас кои можете да ми помогнете да направам промени во животот на децата кои се во различни институции. Децата заслужуваат да растат во безбедни средини ориентирани кон семејството. Нема да застанам додека децата во Америка не се безбедни“, истакна Хилтон.

Слични содржини