🎥 Преку 1000 се повредени: Експлодираа „хакирани“ пејџери на членовите на Хезболах

од Илинка Илиоска
404 прегледи

Над 1.000 борци на либанската милитантна група Хезболах се повредени во координиран напад на Израел, кога на нив експлодирале нивните пејџери за комуникација, јавуваат светските медиуми.

Тајмс оф Израел, повикувајќи се на либански медиуми, наведува дека пејџерите со експлозив во Либан повредиле околу 1.000 луѓе.

Повеќе од 1.000 луѓе беа повредени во, како што рече извор на Хезболах, најголемиот безбедносен пропуст во речиси една година конфликт со Израел.

Израел наводно хакирал комуникациски уреди што ги користел Хезболах, предизвикувајќи нивна експлозија.

Според извештаите, меѓу 1.000 борци, најмалку пет биле тешко ранети.

Иранскиот амбасадор во Либан, Мојтаба Амани, е меѓу над 1.000 повредени во серијата експлозии на пејџер низ Либан и Сирија, јавува иранската новинска агенција Мехр.

Либанските медиуми јавуваат дека болниците се во состојба на готовност, а Министерството за здравство на Бејрут повикува на дарување крв.

Израел сè уште официјално не го коментирал инцидентот, иако помошник на премиерот Бенјамин Нетанјаху сугерираше дека зад нападот стои Ерусалим. Од кабинетот на премиерот брзо се оградија од таа забелешка.

Социјалните мрежи се преплавени со страшни снимки од Либан, а крв е насекаде.

Видеата се доста вознемирувачки, па нема да ги објавуваме.

Претходно, висок претставник на военото разузнавање и службеник на либанска група, исто така, изјавија за АП дека пејџерите што ги носеле членовите на Хезболах експлодирале.

Според АП, официјален претставник на Хезболах изјавил дека најмалку 150 луѓе, вклучително и членови на групата, биле повредени во различни делови на Либан кога уредите експлодирале.

Во соопштението од кабинетот на либанскиот премиер се вели дека биле информирани за „безбедносните инциденти што се случиле во неколку региони“.

Слични содржини