Бугарските власти информираа дека во тек е истрага за падот на авионот во воздухопловната база „Граф Игнатиево“. Преземени се мерки за локализирање на пожарот што избувнал по падот на леталото и се утврдуваат причините за несреќата. Надлежните не соопштуваат официјална информација за повредени и жртви.
Воен авион „Л–39 албатрос“ се урна во воздухопловната база „Граф Игнатиево“ во Областа Пловдив во Бугарија, јави БТВ.бг. Телевизијата објави засега непотврдени информации дека при падот загинале двајцата пилоти.
Несреќата се случила за време на подготовка за утрешниот аеромитинг во Третата воздушна база, настан кој сега е откажан од министерот за одбрана Атанас Запријанов, соопшти бугарското Министерството за одбрана.
Претходно денеска бугарскиот претседател Румен Радев како копилот учествуваше во демонстративен лет на борбен авион Ф-16 во таа воздухопловна база.