Воен хеликоптер се урна во северна Колумбија при што загинаа сите девет патници во него, соопшти армијата на јужноамериканската земја. Хеликоптерот Ми-17 се урнал во близина на градот Аренал дел Сур во департманот Боливар во северна Колумбија, соопшти војската.
„Жалам за смртта на деветмината војници во воениот хеликоптер што требаше да ги снабди војниците во борбата против кланот дел Голфо на југот на Боливар“, напиша колумбискиот претседател Густаво Петро на Х.
Lamento la muerte de los nueve integrantes del vuelo del helicóptero del ejército que se precipitó a tierra y que estaba abasteciendo de tropas el sur de Bolívar en las operaciones contra el Clan del golfo.
— Gustavo Petro (@petrogustavo) April 29, 2024
Кланот дел Голфо (Заливски клан) е најмоќната криминална организација во Колумбија. Криминалниот синдикат ги регрутира своите членови главно од поранешните десничарски паравојски и се претпоставува дека има околу 6.000 вооружени мажи.
Покрај трговијата со дрога, организацијата се занимава со илегални ископувања и рекет за заштита и е одговорна за бројни убиства и одземање на имот. Минатата година, поранешниот шеф на картелот, Даиро Антонио Усуга, попознат како Отониел, беше осуден на 45 години затвор во САД.
At least 9 people died as the helicopter of the Colombian National Army crashed in the northern Bolivar department, where the military of Colombia is battling the biggest cocaine cartel. President Gustavo Petro said on X, the helicopter was moving in as part of the reinforcement. pic.twitter.com/uhA2ZPlucD
— Target Reporter (@Target_Reporter) April 29, 2024