80
Силно невреме со дожд и град во средата погоди делови од Германија. Најпогодени беа Северна Рајна-Вестфалија, Долна Саксонија и Баден-Виртемберг. Поради силното невреме поплавени се улици во Карлсруе и неговата околина, а под вода се и подрумите во тој град. На некои места имаше половина метар вода на улиците или под подвозникот, изјави портпаролот на полицијата.
„Во Гонделсхајм, на околу 15 километри, поројот однесе возила. Беше тотален хаос“, , пренесува Феникс магазин.
Во Гонделсхајм преовладува вонредна состојба, а луѓето на социјалните мрежи објавуваат страшни сцени од невремето.