🎥Обилни врнежи предизвикаа поплави во Кан: Градската управа предупредува на мерки на претпазливост

од Илинка Илиоска
5 прегледи

Обилни врнежи предизвикаа поплави во Кан, Франција. „Во нашето подрачје има силно невреме, повремено пропратено со град. Ги повикуваме сите граѓани да бидат внимателни и да преземат мерки на претпазливост доколку патуваат“, се вели во соопштението на Градската управа на социјалната мрежа Икс.

Во соопштението се наведува дека сообраќајот е блокиран поради поплави, вклучително и фреквентната улица Мимон.

„Пријавени се штети во некои подруми и продавници. Во моментов нема пријавени случаи на човечки жртви“, се вели во соопштението.

Локалните власти најавија и дека во текот на денот очекуваат поповолни временски услови и нормализирање на состојбата во градот.

Слични содржини