Омилената модна икона од 50+, седокосата инфлуенсерка Кармен Химено повторно има генијален изглед со ефект против стареење.
Кармен редовно не воодушевува со својот разигран стајлинг и одличните нискобуџетни комбинации, за кои нема да морате да земате заем, пренесе Стандард лајф.
Седокосата Шпанка ги гради своите неверојатни стилови користејќи парчиња од „high street“ продавниците достапни за секого и вешто ги комбинира со дизајнерска облека, а работи со многу стил.
Таа повторно предизвика бројни пофалби со својот зимски изглед претставен на Инстаграм.
Кратка црна јакна со двојно закопчување, тренди фармерки со широки ногавици и мокасини се фантастична модна комбинација, идеална за многу пригоди, а сè е потпишано од нејзиниот омилен бренд Zara.
View this post on Instagram
Модната икона го подигна овој аутфит со неколку внимателно одбрани детали, како што е младешката марама со пруги, која даваше кул „вајб“, кожна чанта од Gucci и нејзините заштитни очила за сонце и црвен кармин.
Модното издание, кое е вистинска инспирација без разлика на годините, оваа Шпанка го заокружи со уште еден интересен детаљ – црвени кожени ракавици.
Затоа, не е чудно што и за оваа облека доби безброј позитивни коментари од нејзините многубројни следбеници.