28
Сајтот на македонскиот весник „Илинден”, кој е гласило на истоименото македонско друштво во Албанија, бил хакиран. Главниот и одговорен уредник, Никола Ѓурѓај, објави дека се истражува кој стои зад нападот.
Весникот “Илинден” е единствен весник на македонски јазик и е достапен како печатено издание и на интернет. Во текот на изминатите 13 години, се отпечатени најмалку 60 броеви на весникот.