📷По долга апстиненција на Фејсбук се огласи Мијалков: Честиташе Курбан Бајрам

од Илинка Илиоска
3,3K прегледи

По скоро едогодишна апстиненција од социјалните мрежи, денес ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, се огласи на социјалната мрежа на Фејсбук. Тој го честиташе празникот Курбан Бајрам.

“ Курбан Бајрам како празник на човечноста, солидарноста и дарувањето, ни го покажува патот на вистинските вредности и не учи дека животот е исполнет само доколку е посветен на правење добри дела и грижа за останатите. Се надевам дека овој голем празник го дочекувате во добро здравје и спокој, во кругот на вашите најблиски. Нека е честит Курбан Бајрам на сите кои го слават и нека донесе благосостојба, љубов и радост во семејствата и многу успеси на професионален план”, напиша Мијалков.

Слични содржини