📸 Канје Вест со сопругата на дуел од ЛШ во Милано

од Radmila Tasevska
470 прегледи

Американскиот рапер и продуцент ексцентричниот Канје Вест повторно со своето издание ја шокираше светската јавност.

Богатиот и контроверзен рапер во чудно издание се појави на синоќешното дерби во Милано од осминафиналето од Лигата на шампионите меѓу Интер и Атлетико Мадрид, пренесе Стандард лајф.

Екс сопругот на најпознатата американска старлета Ким Кардашијан, неодамна сними песна со помош на навивачите на Интер, а оттогаш е добредојден гостин на Џузепе Меаца.

Канје и овој пат вниманието го привлече со својот стајлинг, а во ложата на Меаца беше и неговата сопруга Бјанка Ценсори.

Слични содржини